Патничка напиша писмо за да им се заблагодари на пилотите

Од:

По авионската несреќа на германскиот авион во Франција, во која загинаа 150 патници, една патничка почувствувала потреба да им се заблагодари на своите пилоти, кои безбедно ја донеле до нејзиниот дом, поради што им напишала писмо.

„Драги пилоти на авионот со кој безбедно ме донесовте дома, во духот на неодамнешната трагедија на Алпите, во која загинаа 150 лица, чувствувам потреба да ви се обратам и да изјавам сочувство. Сепак сите ние сме само луѓе, кои се обидуваат да го живеат овој луд, чуден живот кој ни е даден. Јасно е дека еден настан со вакви размери влијае на сите нас, а најмногу на вас, бидејќи со оглед на професијата со која се занимавате, чувствувате поголема одговорност и можеби некој топол и искрен збор би можел нешто да измени.

Се надевам дека ќе прдонесам за тоа и дека сочувството и разбирањето ќе се прошири на сите. Ви благодарам што безбедно ме донесовте до мојот дом. Ви благодара што ми овозможивте да го живеам својот живот во Шпанија, но и да бидам често со своето семејство во Англија.

Се надевам дека и вие наскоро ќе бидете со своите семејства. Прекрасно патував, а се надевам и вие. Да знаете дека со својата професија ни помагате на сите нас и дека сте причина поради која со насмевка на лицето, ноќеска ќе легнам во својот кревет“.

Чувајте се и ширете љубов

Моите најискрени желби,

Бетани.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски