Ѓоковиќ со многу проблеми во четвртфиналето

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се многу проблеми ноќеска успеа да оствари победа во осминафиналето на Мастерсот во Мајами над Александар Долгополов.

Во текот на првиот сет Долгополов имаше брејк предност, но Ѓоковиќ се избори за тај брејк, кој сепак му припадна на Долгополов со 7:3.

Во следниот сет повторно Ѓоковиќ беше во негатива откако противникот водеше со 3:0 и имаше две брејк топки. Откако го доби вториот сет со 7:5 Ѓоковиќ беше доминантен во третиот со 6:0.

Во мечот на двајцата одлични сервери Џон Изнер го победи Милош Раониќ со 2:1, а сите три сета беа решени во тај брејк.

Пласман во четвртфиналето обезбедија уште: Томаш Бердих, Хуан Монако, Енди Мареј, Давид Ферер, Кеи Нишикори, Доминик Тим и Џон Изнер.

Во женска конкуренција се одиграа два четвртфинални меча. Андреа Петковиќ ја победи Катерина Плишкова со 2:0 во сетови, додека Суарез Наваро беше поуспешна од Венус Вилијамс со 2:1.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров