Два стана на седмиот и осмиот кат во една кула во индискиот град Мумбај се претворени во единствен луксузен апартман на две нивоа.
Апартманот, сопственост на индискиот актер Џон Абрахам, се карактеризира со модерен изглед кој целосно одговара на гламурозната кариера на популарниот глумец од Боливуд.
Сите внатрешни ѕидови во апатманот се урнати, а неговите две нивоа се поврзани со преубави скали кои совршено се вклопени во елегантиот ентериер.
Кујната е опремена со традиционален индиски ентериер кој благодарение на природната светлина создава совршен амбиент.
Големите прозорци од подот до таванот овозможуваат заводлив поглед кон Арапското Море, кое е видливо од сите делови на апартманот.