“Ало, шу праиш? Мислам, ние сме лудаци… Трошиме на леб, а немаме за чоколадо… Лежи на земја, Сашо Мијалков ме намести, лелелеле… Ќе му ја запалиме кафаната… Да ги сотреме…Гледај нашите да се чисти…40 гласачи во една куќа, а жители нема толку во селото…”
Oва се само дел од информациите што можат да се прочитаат во флаерите изработени во облик на мобилен телефон, преку коишто деновиве младите социјалдемократи ги информираат граѓаните, пред се младите низ повеќе општини низ земјава.
СДММ започна кампања – Слушни го и ТИ режимот на Груевски, при што ги известува граѓаните како може да ја слушнат Вистината за Македонија.
Реакциите се охрабрувачки. Речиси и да нема млад човек кој не е запознаен со аферата за прислушување. Молкот е заменет со храброст.
Веќе секој говори за началникот Мијалков, кој уредува вести, наредува апсења, мести судии… За разговорите на Јанкулоска и Ставрески коишто откриваат дека Буџетот е празен, дека градоначалници се криминалци, или ја откриваат суровоста со којашто тие се дрзнале да решаваат човечки судбини. За притисоците на Јанакиески и Трајковски, за изборниот грабеж, за криминалите на Водно во коишто е директно инволвиран Груевски…
Се распадна системот на контрола на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Сега ние можеме да слушнеме како оваа нелегитимна власт си поигрува со нашите животи и со Македонија.
Продолжуваме да ја споделуваме вистината. Промените во Македонија стануваат реалност.