УНХЦР: Албанците од Косово и југот на Србија трети по број на поднесени барања за азил

Од:

Според податоци на УНХЦР, вкупно 55.700 Албанци од Косово и од југот на Србија поднеле лани барање за азил, а Германија е прва на листата за „прием“, изјави Вилијам Спајндлер од УНХЦР.

Минатата година бројот на барања за азил во 44 најразвиени држави во светот е зголемен за 45 отсто – најголемо ниво во изминатите 22 години.

– Најмногу пораснал бројот на баратели од Сирија – 150.000, на второ место се азиланти од Ирак и Авганистан – околу 68.700. Албанците од Косово и од југот на Србија се на трето место, изјави тој.

Следуваат азиланти од Еритреја чиј број е двојно поголем отколку во 2013 година – 48.400 барања за азил. Во Германија поднеле барања за азил 173.000 луѓе, а следуваат САД со 121.300 додека Турција е на трето место со 87.800 барања за азил, воглавно од Ирак.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица