Анонимуси се закануваат со „електронски холокауст“

Од:

Хакерската група „Анонимуси“ се закани дека идната недела на 7 април во Израел ќе изврши „електронски холокауст“ со цел да ја избрише еврејската држава од кибер просторот.

Во видео со нападите во Газа, извршени од израелската армија под името Операција заштитен раб, хакерите се закануваат дека ќе ја избришат Израел од кибер просторот и дека 7 април 2015 ќе биде електронски холокауст.

Хакерската група се заканува со напади врз сервери и веб страници, кои припаѓаат на владата, армијата и банките, наведува британски „Индепендент“.

– Се враќаме за повторно да ве казниме за вашите злосторства на палестинските територии, гласи пораката на англиски јазик, со превод на арапски.

Во видеото израелската влада се обвинува за кршење на човековите права, илегално населување, убивање цивили и противење на меѓународното право. Поради тоа елитни сајбер единици од целиот свет ќе се обединат во солидарност со палестинскиот народ против Израел, како еден ентитет за бришење на Израел од кибер просторот, се заклучува во видео пораката.

Анономуси преземаа кибер напади на Израел и во минатото, почнувајќи од 2012 година за време на судирот во Појасот Газа. Трета година по ред нападот ќе биде на 7 април, нешто повеќе од недела пред Денот на холокаустот.

Разузнавачкиот аналитичар од групата „Лебантјан“, со седиште во Тел Авив, Бенјамин Декер изјави за „Њузвик“ дека израелските власти не ги сметаат Анонимуси за сериозна закана. – Како минуваат годините гледаме дека наспроти усовршувањето на хакерските техники, се нанесуваат се помали штети на израелските структури, благодарение на тоа што Израел стои зад поголемиот број тактики за кибер војна во офанзива и дефанзива, истакна тој.

Анонимуси, сепак, тврдат дека во 2013 година предизвикале штета на Израел од три милијарди долари и дека нападнати биле над 100.000 веб страници, 40.000 Фејсбук профили, 5.000 Твитер профили и 30.000 израелски банкарски сметки, пренесува израелскиот весник „Аарец“.

Цел на нападите се веб страниците на Мосад, израелската армија, Банкта на Ерусалим и Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Хакери влегуваат во сметките на граѓаните, над 5.000 измамнички трансакции за една година во Македонија

Агенти на тајната единица 29155 вршат сајбер напади во земји членки на НАТО и ЕУ

Загреб: Хакерите ги оставија пациентите без зрачење, а сега се уште бараат откуп за украдените податоци

Горан Наумовски

Руски хакери нападнаа хрватски институции: „Одамна не сме ја посетиле Хрватска“

Предраг Петровиќ

КБЦ Загреб: Не нападнаа хакери, моравме се да исклучиме

Горан Наумовски

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски