Велс, Шкотска и Северна Ирска се спротивставија на планот на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) на Олимпијадата во Рио да настапат под знамето на Велика Британија.
ФА се откажа од идејата за заеднички настап како што беше на Игрите во Лондон 2012 и писмено ги извести останатите асоцијации за својата одлука.
ФИФА претходно соопшти дека ќе дозволи учество на заеднички британски тим на олимпискиот турнир во Рио, но под услов сите нејзини членки да го прифатат тоа.
Англија пласман на ОИ ќе брка на годинашното Европско првенство за играчи до 21 година во Чешка со евентуално полуфинале.
Во група со Англичаните се Италија, Португалија и Шведска.