По повод престојните празници на градскиот пазар во Охрид на 9 и 10 следниот месец ќе се одржи претпразничен Велигденски саем.
На саемот свои производи ќе изложат изработувачи на ракотворби, производители на кондиторски производи, пекарници, цвеќарници, како и деца од основните училишта со свои ракотворби – велигденски декорации.
Манифестацијата е хуманитарна, а собраните средства ќе бидат наменети за пакети за социјално загрозените семејства во Охрид. Саемското изложување се организира во соработка со локалната самоуправа.