Водачот на воениот удар од мај минатата година, сега преоден премиер на Тајланд, генералот Прајут Кан-ока денеска соопшти дека до кралот Бумибол Адулјадеј испратил на потпишување предлог за укинување на вонредната состојба во државата.
Законот за вонредна состојба, покрај другото, ги забранува политичките собири, а и дава право на армијата неограничено право да апси и чува во притвор лица за кои ќе се посомнева дека работат против сегашниот воен режим.
На евентуалното, но речиси сигурно, укинување на законот за вонредна состоја, кој предвидува и полициски час во државата, најмногу се израдуваа туристичките оператори, во чиј сектор со над 10 милиони странски посетители годишно Тајланд остварува четвртина од националниот БДП.
Политичките партии и покрај укинувањето на вонредната состојба ќе немаат причина за задоволство, бидејки генералот Прајут денеска соопшти дека максимално ќе ги користи правата што му ги дава членот 44 од преодниот Устав, кој освен полицискиот час на преодната влада и дава право најголем дел од политичките активности на улица, во медиумите и социјалните мрежи да ги прогласи за криминално и анти државно дејствување.