Дачиќ: Се противиме на одлуката за формирање војска на Косово

Од:

Србија е заинтересирана за мирот и стабилноста на Косово, но е против формирањето војска на Косово и за таа тема би требало да се разговара на ниво на Советот за бзбедност на Обединетите нации, порача денеска првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Дачиќ одговарајќи на новинарско прашање пред учесниците на 88. Роуз-Рот семинар на Парламентарното собрание на НАТО, чија тема е „Србија, Западен Балкан и Евроатлантската заедница“ нагласи дека Србија е против формирање на војска на Косово, бидејќи тоа не е во согласност со Резолуцијата 1244 на СБ на ОН.

– Тоа може да има одредени последици врз безбеденоста во регионот затоа што своевремено, кога е прекината војната на Косово, беше предвидено на Косово единствените вооружени сили да бидат меѓународните сили, односно КФОР, додаде Дачиќ.

Дачиќ потсети дека за време на потпишувањето на Бриселската спогодба, премиерот на Србија Александар Вучиќ, косовскиот премиер Хашим Тачи, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и тој лично престојувале во седиштето на НАТО, каде претставниците на таа воена организација им дале гаранции дека нема да биде дозволено доаѓање на вооружени формации на Албанците од северно Косово без согласност на КФОР.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица