Притворен шефот на Интерпол Тирана

Од:

Поради основани сомненија за злоупотреба на службената положба,  доцна сиоќа притворен е шефот на Интерпол Тирана Артан Бајрактари. Во притвор е и агентката  Лорета Ала, јави дописникот на МИА од Тирана.

Тие се сомничат дека во соработка  ги прикриле информациите добиени од белгиските власти дека пратеникот Марк Фроку се бара за убиство, за кое бил осуден во Белгија на десет години затвор.

– Поради сокривањето на овие податоци, Фроку и можел да стане пратеник. Интерпол во соработка со албанското МВР, повеќе од два месеца ги истражувале активностите на шефот на Интерпол –Тирана, Артан Бајрактари, околу сокривањето на податоците  за пратеникот Фроку, објавуваат албанските медиуми.

Освен за убиство, Фроку во Белгија се товари и за организирање проституција.

Инаку, поради лажните обвинувања искажани против актуелениот претеседател на парламентот Илир Мета, дека наводно потплатил убијци да ги ликвидираат него и пратеникот Том Допи, тие беа приведени и сега се во домашен притвор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“