Револуционериот соларен авион „Солар импулс 2“, кој на својот пат околу светот во понеделникот полета од Мјанмар денеска успешно долета и по 20 часа слета во Чонгкинг во централна Кина.
Од Чонгкинг го продолжи летот кон источниот кинески град Нанкинг, од каде ќе тргне на пат за Хаваи.
Патувањето е покренато со цел да се промовира употребата на обновливи извори на енергија.
Со авионот, чии крила се опремени со повеќе од 17 илјади соларни ќелии, управуваат двајца швајцарски пилоти Бертранд Пикард и Андре Боршберг. Тие се обидуваат да бидат првите, кои го обиколиле светот со авион, користејќи исклучиво соларен погон.
Соларниот авион своето патување го почна на 9 март од Абу Даби и имаше четири запирања, пред пристигнувањето во Кина.