Артман: Трибуналот е виновен за циркусот околу Шешељ

Од:

оранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Артман изјави дека Србија треба да го повика судот во Хаг што побрзо да донесе пресуда за Војислав Шешељ, истакнувајќи дека Трибуналот е виновен за циркусот околу случајот.

– Логично беше да ја променат одлуката, но требаше да мислат за тоа порано, со оглед на тоа како Шешељ се однесува, како и на фактот дека во Србија е вратен безусловно. Сега тоа е жалосно, изјави синоќа Артман за ТВ Б92.

Според Артман Хашкиот трибунал најверојатно ќе инсистира на повторно предавање на лидерот на Српската радикална партија Војислав Шешељ, додавајќи дека постои мала веројатност да му се суди во отсуство.

– Не верувам дека ќе му биде дозволена специјална форма на судење, оцени Артман, додавајќи дека за оваа постапка очекува расправии.

Артман нагласи дека Србија треба да го повика Трубуналот што побрзо да донесе одлука за Шешељ и дека е жално што Хашкиот трибунал се однесува на ваков начин, односно дека нема објаснување зошто не е донесена пресуда.

– Трибуналот, исто така, не ги почитува жртвите и е одговорен за овој циркус. Ова е незгодна ситуација за Србија, бидејќи Шешељ е невин се додека не се докаже дека е виновен. Клучно прашање за кризата е да се објави неговата пресуда, истакна Армтан. 

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски