(ВИДЕО) Постар скопјанец кон советниците: Не се двоумете, дозволете ние да одлучуваме за ГТЦ

Од:

Постар жител на Центар, родум од Скопје, на денешната седница во Општина Центар им се обрати на советниците непосредно пред да биде донесена одлуката за распишување на референдум за изгледот на Градскиот трговски центар.

Претседавачот, Мирослав Шиповиќ, направи преседан со тоа што му дозволи на 67-годишниот Владе да се вклучи во дискусијата на Советот и да упати молба до советниците пред да ја донесат одлуката.

– Живеам на 150 метри од ГТЦ, дозволете самите скопјани да одлучат, не се двоумете. имам 67 години и кога и да излезам со своите внуци не можам да ги гледам тие барокни фасади измичкани со сребрени бои – рече тој.

 

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски