Истрага во Париз за асистентите на Националниот фронт во ЕП

Од:

Париското Јавно обвинителство започна истрага околу сомнежите за неправилности во вработување и наградување на помошниците на европратениците од редовите францускиот екстремно десничларски Национален фронт (ФН), соопшти денеска извор близок до истрагата.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, истрагата се однесува на платите на 20 асистенти на ФН, за кои постои сомнеж дека им било давано да вршат други задачи кои немаат врска со работата во Европскиот парламент, иако се на платниот список на ова претставничко тело.

Истрагата му е доверена на Централното биро за борба против корупцијата и финансиски и даночни кривични дела при Централната управа на правосудната полиција на Франција.

Европскиот парламент на 9 март објави дека ФН врши измама и за тоа ја информира агенцијата на ЕУ, ОЛАФ, која потоа им го отстапил предметот на француските судови.

Претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц, потсети дека парламентарните асистенти „мора директно да работат на остварување на парламентарниот мандат на пратеници“.

Штетата од оваа злоупотреба се проценува на 7,5 милиони евра за целиот законодавен дом до крајот на мандатот.

– Не може да ги плаќа Европскиот парламент, а да работат за партијата, изјави Шулц, одговарајќи и на претседателката на ФН, Марин Ле Пен, која го обвини за организирање на „широка политичка манипулација“, под „инструкции“ на францускиот премиер Мануел Валс.

ФН победи на европските избори во Франција во 2014 година, освојувајќи  24,86 отсто од гласовите, со што бројот неговите пратеници во Европскиот парламент се зголеми од три на 23.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата