Жалбениот совет на Хашкиот трибунал побара од судскиот совет да се отповика одлуката за пуштање на лидерот на српските радикало Воислав Шешељ на привремена слобода и да се нареди негово враќање во затворот во Шевенинген. Судскиот совет ја прифати ваквата одлука и нареди враќање на Шешељ во затворот во Хаг, а за негово повторно пуштање на слобода би требало да разговараат Србија и Холандија откако ќе извршат проценка на новонастанатите услови.
Жалбата на обвинителството со која се бараше поништување на одлуката за пуштање на слобода на Шешељ е заснована на јавните активости на лидерот на радикалите, кој според обвинителството не се однесувал согласно правилата за привремен отпуст.
Помеѓу тиа активности се спомнуваат изјавите на Шешељ дека нема да се врати доброволно во Хаг, закана за луѓето со кои соработува обвинителството, изјави кои се навредливи за жртвите, како и изјавите на Шешељ кои според обвинителството ги доведуваат во прашање хуманитарните причини за неговата здравствена состојба поради која доби провремена слобода.