Седум медали за Македонија на Европскиот шампионат во Фудокан

Од:

Македонската репрезентација во традиционално карате освои седум медали (3 златни 2 сребрени и 2 бронзени) на 22. Европски Фудокан Шампионат во традиционално карате за сениори, јуниори, кадети деца кој се одржа од 27 до 30 март во Наполи, Италија.

Освојувачи на медали:

1. Европски шампиони во ката тим деца од 12-14 години женски (Мила Саздова, Антонија Белазелкоска и Јелена Дробниќ).

2. Европски шампиони во Ен-бу маж-жена Кадети (Мила Саздова и Огнен Тасевски).

3. Европски шампион во кати поединечно деца од 12-14 женски (Мила Саздова).

4. Европски вицешампион во кати поединечно кадети (Огнен Тасевски).

5. Европски вицешампион во Кихон ипон кумите деца од 6-8 години (Матеј Јарчевски).

6. Бронзен медал кати поединечно деца од 12-14 женски (Јелена Дробниќ).

7. Бронзен медал во Кихон кумите деца од 6-8 години (Матеј Јарчевски).

На Европскиот шампионат во Наполи Италија учествуваа над 680 каратисти од 22 европски земји.

На шампионатот беа одликувани и унапредени повеќе карате мајстори помеѓу кои Венцислав Недев беше одликуван од претседателот на Европската федерација со признание за долгогодишна успешна работа, а Дејан Недев беше унатреден во мајсторски црн појас 6 Дан (Roku-Dan) со што стана најмлад носител на вакво високо звање во Европа.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје