Франција: Социјалистите го претрпеа четвртиот последователен пораз на локалните избори

Од:

Според резултати од анкета на „ЦСА“, во вториот круг на локалните избори во Франција води партијата на поранешниот претседател Никола Саркози, Унија за народно движење УМП и нејзините сојузници.

Како што пренесе „Ројтерс“, УМП и нејзините сојузници се на патот до победа и дека владеачките социјалисти на претседателот Фарнсоа Оланд претрпеле тежок пораз на изборите, односно дека ќе изгубат околу половина од 61 департмен, кои ги имаа пред изборите.

Истовремено партијата на крајната десница, Национален фронт Марин ле Пен според наводите остварила напредок, освоила многу места, но би можела да има само два департменти.

Локалните избори во Франција се сметаат за клучен тест пред претседателските избори кои треба да се одржат во 2017 година.

Конзервативната алијанса во чиј состав е и Саркозиевата опозициска Унија за народно движење УМП во првиот круг на локалните избори освои 32,5 проценти од гласовите, додека владеачката Социјалистичка партија на Франсоа Оланд добила само 21 процент од гласовите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата