Надал и Вавринка елиминирани на Мастерсот во Мајами

Од:

Рафаел Надал и Стас Вавринка се елиминирани синоќа во мечевите од 3.коло на Мастерсот во Мајами.

Во шпанскиот дуел Фернандо Вердаско го елиминира вториот носител Надал со 2:1 во сетови. Првиот сет со 6:4 го доби Вердаско, а Надал изедначи откако при 2:1 во гемови во вториот сет за Вердаско направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:2. Во решавачкиот сет повторно подбар беше Верадско со 6:3.

Ова е само втора победа за Вердаско во меѓусебните дуели со Надал, кој по раните порази во Индијан Велс и Мајами следната недела ќе падне на четвртото место.

Негов ривал во следното коло ќе му биде Аргентинецот Хуан Монако, кој го победи Гарсија Лопез од Шпанија.

Вавринка загуби од Адријан Манарино од Франција со 7:6 во двата сета.

Пласман во следното коло обезбедија уште: Томаш Бердих, Гаел Монфис, Енди Мареј и Кевин Андерсон.

Кај тенисерките од фаворитките загубија Викторија Азаренка и Ана Ивановиќ, додека во следната рунда се пласираа Симона Халеп, Серена ВилијамсСветлана Кузнецова, Сара Ерани и Слоу Стефенс.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров