Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за одбрана и безбедност, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог – одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите Нации, УНИФИЛ во Либан.

Комисијата за економски прашања ќе расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за техничка инспекција и за измените и дополнувањата на Законот за Државен пазарен инспекторат, двата во второ читање.

На дневен ред на Законодавно – правната комисија се измените и дополнувањата на Законот за лична карта и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за техничка инспекција, сите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции