Бранимир Главаш, кој во истражниот затвор во Реметница веќе 25 дена штрајкува со глад, вчера поради нарушена здравствена состојба итно е пренесен во затворска болница, каде ќе биде задржан, објавено е доцна синоќа на неговиот „Фејсбук“ профил.
– Се надеваме дека ќе прифати медицинска помош и ќе се извлече од опасната по живот ситуација, се наведува на „Фејсбук“ профилот на Главаш.
Адвокатот на Главаш, Дражен Матијевиќ изјави дека нема информации за тоа што се случило, но истакна дека тоа и можело да се очекува. Според Матијевиќ, Главаш се наоѓа во здравствена состојба во која секој момент може да почине.
Бранимир Главаш се наоѓа во истражниот затвор Реметница од 5. март, од кога започна штрајк со глад.
Уставниот суд пред неколку дена делумно ја усвои уставната тужба на Главаш за траењето на притворот и повторно го врати на Врховниот суд, кој треба да донесе одлука за тоа до 5 април. Ако Врховниот суд одлучи поинаку, истражниот затвор на Главаш прекинува на 5. април.