Патните исправи на државјаните пред Собранието

Од:

Собранието на Република Mакедонија денеска ќе ја одржи 41.седница, на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија.

Пратениците ќе расправаат и за измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет и за Предлог законот за јавнообвинителска служба.

На дневен ред на седницата се и измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, како и за измените на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи.

На 41-та седница ќе се расправа и за дополнувањата на Законот за земјоделски задруги, на Законот за водостопанство, за измените и дополнувањата на Законот за управување со отпадот, измените на Законот за хидрометеоролошка дејност, како и за повеќе предлог одлуки.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието