Припадниците на екстремистичката група Боко Харам нападнаа неколку градови во Нигерија, упаѓаа во куќи и убија најмалку 40 лица, од кои на некои им ги отсекоа главите со моторна пила, за време на вчерашните претседателски избори во земјата, кои продолжија и денеска.
Најмалку 25 лица се убиени, а над 30 се ранети во селото Буртаи во државата Борно, соопштија локалните власти.
Преживеаните сведоци ги опишаа ужасните сцени на убиствата, изјавувајќи дека напаѓачите палеле куќи и отварале оган кон оние кои се обидувале да побегнат, а на некои од жртвите им ги отсекле главите.
Локалниот политичар Ибрахим Адам, кој успеал да побегне изјави за Си-Ен-Ен дека припадници на Боко Харам ги убивале своите жртви како стока и им ги сечеле главите. Адам додаде дека тие палеле куќи, а постои стравување дека некои од жителите изгореле во куќите.
Најмалку 14 лица се убиени во друг напад на радикалната исламистичка група во градовите Бири и Дуку во државата Гомба.