На предлог на советникот во од ЛДП, Зоран Шапуриќ, советничката група на Сојузот за иднината во Советот на град Скопје, покрена Иницијатива за директни преноси на седиците на советот преку интернет.
Опозициските советници сметаат дека Советот на град Скопје одлучува за важни прашања од многубројни области, кои се од интерес за граѓаните на град Скопје. Поради тоа, советниците сметаат дека граѓаните имаат право да го следат детално работењето на Советот на град Скопје. За реализација на оваа иницијатива, според опозициските советници не се потребни финансиски средства и директните преноси преку интернет можат многу лесно технички да се реализираат.
Преку директните преноси ќе се обезбеди транспарентност на работењето на Советот на град Скопје.
Според оваа иницијатива, директните преноси на седниците на Советот на град Скопје би можеле да отпочнат од мај 2015 година.
Се очекува иницијативата да биде ставена на дневен ред на првата седница на Советот на град Скопје, што ќе се одржи во месец април оваа година.