Исламистичката терористичка група Боко харам уби денеска шест лица во два одвоени напади врз гласачите на претседателските избори, во североисточна Нигерија, соопшти нигериската полиција.
Првиот напад се случил во местото Нгалда, во државата Јобе, а вториот во местото Вобе, во државата Гомбе. Во тие напади со огнено се оружје се убиени по три лица.
Нигериската полиција изутрината соопшти дека на избирачкото мерсто во основно училиште во градот Авка, во државата Анамбра, екплодирала бомба, при што немало жртви.
Речиси 60 милиони избирачи се регистрирани за гласање на првите избори во историјата на Нигерија, на кои еден од опозициските кандидати има реални шански да го порази актуелниот претседател.
Главни фаворити меѓу 14-те кандидати, кои сакаат да владејат со најнаселената држава во Африка се претседателот Гудлак Џонатан и поранешниот воен диктатор Мухамед Бухари. Ова се осми избори во Нигерија од 1960 година, кога земјата стекна независност од Велика Британија.