Филипините ги отфрлаат кинеските тврдења дека ќе имаат илегални активности во Јужното Кинеско Мор

Од:

Филипинската Влада денеска соопшти дека нема намера да ги одложува планираните активности за проширување на воени бази на источниот брег на својот архипелаг, иако официјален Пекинг смета дека ваквите активности се спротивни на меѓународното поморско право и ја нарушуваат стабилноста на регионот.

Кина смета дека има историско и легално право на сувереност на 90 проценти од 3,5 милиони квадратни километри на површината на Јужно Кинеско Море, но кинескиот суверенитет го оспоруваат повеќе држави од регионот, меѓу кои најгласни се Филипините и Виетнам.

Портпаролот на филипинското Министерство за надворешни работи коментираше дека планираните активности за проширување на поморските бази се ситница во однос на тоа што Кина го прави на спорните територии на Јужно Кинеско Море. Тој истакна дека деветте точки што ги поврзуваат линиите на територијата со кои Кина ја прогласува својата сувереноста над ова море ќе бидат предмет на решавање на Меѓународниот суд во Хаг и на преговорите за кои се залагаат повеќе држави од АСЕАН.

Јужното Кинеско Море е еден од најфрекветните простори на морскиот сообраќај во светот, бидејки низ неговите води се транспортираат над 60 посто од стоките во вкупниот глобален сообраќај. Морето е богато се риба, а има и огромни резерви на нафта и гас.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски