Излеани Луда Мара и Раечка Река

Од:

Реките Луда Мара и Раечка во Кавадаречко, како што потврдуваат од Регионалниот центар за управување со кризи Велес, се излеани.

– Луда Мара е излеана од населбата Глишиќ до селото Марена при што се поплавени околу 10 хектари земјоделски површини. Настрадала и една куќа, но во неа, според првичните информации, немало жители. Овде наврнале околу 39 литри на метар квадратен, изјави Наташа Петрова од Центарот.

Поради обилните дождови повторно се излеа и Раечка река.

– Зголемено е нивото на реката, таа се има излеано и има поплавено лозови насади на површина од околу 8 хектари. Водата зафатила и неколку импровизирани објекти наоколу, додаде Петрова.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава