Американскиот претседател Барак Обама во разговор со саудискиот крал Салман ја потврди својата поддршка за воената акција во Јемен предводена од Саудиска Арабија и нејзините Заливски сојузници, соопшти синоќа Белата куќа.
Обама и кралот Салман се согласија дека нивна цел е постигнување на трајна стабилност во Јемен по пат на преговори и политичко решение.
Во меѓувреме, американската војска соопшти дека спасила двајца саудиски пилоти кои се катапултирале од авион Ф15 над Аденски Залив. Пилотите се спасени од американски хеликотер во меѓународни води откако Саудиска Арабијапобарала помош.
Претходно, британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека Лондон ќе пружи техничка поддршка за интервенцијата на Саудиска Арабија во Јемен.
Тој посочи дека Велика Британија нема да се вклучи во воената акција.