Иако Кинезите ги избришаа, „Гугл“ уште ги чува страниците со сумите за автопатите

Од:

Старите страници на кинеската компанија „Синохидро“, која ги гради автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Свети Николе – Штип, сè уште можат да се видат во кеш-меморијата на пребарувачот „Гугл“, иако Кинезите пред извесно време ги тргнале оригиналните страници со сумите, пишува новинската агенција Мета.

На страницата на „Синохидро“ пишуваше дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид чинела 56 милиони евра, а на потпишувањето на договорот од Владата рекоа дека автопатот ќе се гради за 373 милиони евра. За автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип, на страницата на кинеската компанија пишува дека чини 30 милиони долари, а во Македонија се знае дека за изградба на тој автопат се платени 206 милиони евра.

Откако медиумите објавија дека на страницата на компанијата има различни суми за изградбата на автопатите од оние што нашата Влада ги презентираше, страниците повеќе не можат да се отворат.

Ова подолу се оргиналните страници со износите зачувани во кеш-меморијата на „Гугл“:

Kineska-kompanijaa-1024x258

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп