Ѓорческа обезбеди финале во двојки во Шарм Ел Шеик

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето во конкуренција на двојки на фјучрсот во Шарм Ел Шеик.

Таа заедно со Шпанката Арабела Фернандез Рабенер (трети носителки) ги победија Русинките Аминат Кушкова и Маргарита Лазарева. Првиот сет со 7:6 – 7:4 во тај брекот го освоија Ѓорческа и Фернандез, додека противничките изедначија откако вториот сет им припадна со 6:4. Во решавачкиот сет беше 10:5 на поени за македонско-шпанската комбинација.

Утре во финалето Ѓорческа и Фернандез ќе играат против вторите носителки Ана Моргина (Русија) и Јулија Терзијска (Бугарија), кои со 6:4 во двата сета беа подобри од Јулија Бризгалова и Ирина Лидковскаја од Русија.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров