По 20 години затвор за убиството на тригодишната Мевљана

Од:

Казни затвор од по 20 години добија обвинетите Џемаил Браими и Јасмина Махмуд за убиството на тригодишната Мевљана што се случи лани, во куќа на Бит пазар, во Скопје.

Пресудата ја објави денеска Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Вооедно, се посочува во соопштението од Судот, кривичниот совет по предлог на Јавниот обвинител ја продолжи мерката притвор за Џемаил Браими и мерките за претпазливост за обвинетата Јасмина Махмуд до правосилност на пресудата односно до започнување со издржување на казната затвор.

Мевљана, според обвинението, била претепана до смрт со електричен кабел оти се измокрила на тепихот.

Џемаил и Јасмина ги чувале трите деца додека нивната мајка, со која делеле ист покрив, била на работа. По трагедијата и се јавиле и и рекле дека девојчето паднало по скали, но резултатите од обдукцијата покажаа дека смртта кај малото девојче била насилна. 

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски