Ново работно време на Музејот на македонската борба

Од:

Националната установа Музеј на македонската борба – Скопје од понеделник воведува ново работно време. Музејот ќе биде отворен за посетителите секој ден од 10 до 18 часот, вклучувајќи ги и понеделниците, освен првиот понеделник во месецот, кој ќе се користи за сервисни активности.

– Со новото работно време музејот им излегува во пресрет на бројните туристи од земјата и странство чиј интерес е особено голем во периодот од мај до октомври. Дополнителната понуда за посетителите се збогатува со можноста со секоја купена влезница за посета на Музејот да може да се посети терасата-видиковец во Порта Македонија, соопшти денеска НУ Музеј на македонската борба.

Во рамки на своите редовни активности, музејот во првата недела од следниот месец ќе ја реализира завршната изложба од проектот Музејот – пријател на децата. Проектот, кој почна во септември лани, опфати двеста ученици од повеќе училишта од Македонија, а на завршниот дел ќе бидат доделени награди и признанија за учесниците.

Од Музејот на македонската борба информираат дека организираат изложба Македонските национални носии на разгледниците 1890-1950 – македонскиот фолклор и идентитетот во Загреб, Република Хрватска. Изложбата ќе биде поставена во галеријата Етно-арт, а отворањето е закажано за 16 април.

За во мај се планирани две изложби во Музејот на македонската борба – по повод 70 години од Црвениот крст на Македонија и по повод Денот на сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј.

Музејот на македонската борба е македонски кандидат за наградата „Жива“ во организација на Форумот на словенските култури со седиште во Љубљана. Наградата се доделува на најдобриот музеј во словенските земји, а годинава се очекува учество на институции од 14 земји. Официјалните кандидатури ќе бидат објавени во Санкт Петерсбург, Русија во средината на мај.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска