Косовската министерка одговорна за дијалогот со Белград, Едита Тахири изјави дека е постигнат договор за распуштање на организацијата Граѓанска заштита во северниот дел на Косово.
– Договорот за распуштање на Граѓанската заштита е постигнат меѓу Белград, Приштина и ЕУ, истакна Тахири.
Тоа предвидува членовите на Граѓанската заштита да бидат интегрирани во институциите на Косово. Договорот ќе стапи во сила до 1 септември оваа година.
Граѓанската заштита-вооружени структури, составени од Срби во северниот дел на Косово, се дел од т.н. паралелни структури, чие укинување е од огромно значање за имплементирање на Бриселскиот договор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.