Сирија соопшти дека е длабоко загрижена поради развојот на воената ситуација во Јемен, односно поради воената операција која е покрената од Судиска Арабија против шиитските бунтовници во Јемен.
Како што пренесе „Ројтерс“ сириската државна телевизија цитирала извор во Министерството за надворешни работи кој навел дека Дамаск ги повикува завојуваните страни во Јеман на дијалог за постигнување политичко решение.
Во меѓувреме Ирак ја отфрли употребата на сила во Јемен и соопшти дека воена интервенција на Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници ќе ја искомплицира ситуацијата.
Либански Хезболах, воздушните удари во Јемен ги осуди како „неоправдана агресија“, со образложение дека тоа води до зголемување на напнатоста во регионот.
Оваа шиитска група која има поддршка од Иран исто така ја повика Саудиска Арабија и нејзините сојузници веднаш и безусловно да ги сопрат нападите, додека Арапската лига и даде целосна поддршка на кампањата која ја предводи Саудиска Арабија, против шиитските Хути во Јемен.
Според соопштението на амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон Адел ал Џубеир, коалицијата која ја сочинуваат повеќе од 10 држави се придружила на воената кампања чија цел е да се заштити владата на Хади од Хутите кои тргнале во офанзива на Аден, каде што Хади се сокрил кога побегнал од домашниот притвор во Сани.
Е.Г.