Хезболах: Нападите во Јемен ќе ги зајакнат тензиите на Блискиот Исток

Од:

Шиитската групација Хезболах ги осуди вчера и ги нарече „неправедна агрсија“ воздушните напади во Јемен, предводени од Саудиска Арабија.

Хезболах ги повика Саудиска Арабија и нејзините сојузници итно и безусловно да ги спречат нападите.

– Оваа авантура, на која и недостига рационалност и која нема законска основа, предводена од Саудиска Арабија, ќе ги зајакне тензиите во регионот и крие во себе закани за неговата иднина и опстанок, се наведува во соопштението на Хезболах.

– Оваа агресија е во интерес на САД и е голема услуга за ционистичкиот непријател, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јеменските сили се судрија со американски воени бродови во Црвеното Море

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

Тревога во Израел: Војската „пресретна“ проектил истрелан од Јемен

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската војска пресретна две ракети од Јемен