(ВИДЕО) Заев: Груевски го тера Јанакиески противзаконски да потпише за фасадите на ЕВН и Сити Галери

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски како го притиска да потпише за барокна фасада на ЕВН и Сити Галери.

-Притисоци прави на Јанакиески противзаконски да потпише барокни фасади на ЕВН, и го убедува дека немало тој да биде вклучен во криминал.

Според снимката, Груевски го убедува Јанакиески дека не може законски да одговара ако даде мислење како министер.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле?
МЈ: Молам?
НГ: А бе дај, ако може да го завршиме ова за фасадата на ЕВН и на Сити Галери, како техничка грешка.
МЈ: Ама Претседателе не може. Бара проширување на маркица, значи по ниеден закон, во ниедна регулатива го нема. Значи бара проширување на маркица.
НГ: Од општина Центар му рекле, ако даете вие таму комисијата дека…
МЈ: Ама нема комисијата…
НГ: … е техничка грешка, они ќе го прифатат, и за двете.
МЈ: Ама глупости е тоа. Значи надвор од…проширување на маркица, буквално бара овај.
НГ: Ама вие ја предлагате, така?
МЈ: Ама тоа е промена на ДУП. Како таква техничка грешка, нема таква….
НГ: Еве таа што е за урбанизам во Центар сега, рекла нема проблем, дајте ми и ќе го средам.
МЈ: А што да му даеме ние, не знам што да му дадеме?
НГ: Што да му дадат Миле, овај Коце, они?
Коце: Видете, можете…
НГ: Ама што, што да му дадат, писмо?
Коце: Мислење.
НГ: Мислење.
МЈ: Какво мислење да дадеме?
НГ: Мислење. Дека мислите дека може така.
МЈ: Ама нема Претседателе, законска можност нема. Значи, проширување на маркица. Тоа е исто како да менуваме план со мислење.
НГ: Ама мислам дека кај вас нема одговорност. Вие само мислење дадете. Одговорноста е кај тој што ќе го прифати мислењето.
МЈ: Ама не може мислење, Претседателе…значи не знам како да Ви објаснам. И на Коце, три пати состаноци имавме. Значи…
НГ: Коце ќе побара од вас мислење, он ќе го предложи и ќе ви побара мислење. И вие да дадете во мислењето, и тоа може да се толкува дека…инвеститорот ќе побара, да.
МЈ: Ама Претседателе, врз база на…на…на план треба да даде извод. Значи, планот што е поминат во општината Центар е на пример да кажеме со габарит од 200 м². Тој бара со 220 или 250…
НГ: А бе Миле, ова што ти го викаш они треба да го кажат, они треба да потпишат на крај, така? Мислењево е гола вода. Никаква одговорност нема некој за мислење што дал.
МЈ: Не знам какво мислење. Нека каже Коце какво мислење да му дадеме, не знам.
НГ: Вика да каже Коце какво мислење…
МЈ: Ја ќе дадам мислење.
НГ: Дека може да се третира како техничка грешка.
МЈ: Ќе кажам ајде, еве јас ќе го потпишам, на лична одговорност.
НГ: Во понеделник Коце ќе ја донесе неа на состанок, ама ти ако тргнеш вака, со ваков негативен став, џабе ќе ја донесе.
МЈ: Не, ама јас ќе си ќутам на состанок. Ќе кажам како мислиш, така, оти знам ја како да се понашам.
НГ: Да де да. Ти да гледаш да биде некаква работа сега, не да не биде.
МЈ: Океј, ајде.
НГ: Ако може така да го решиме и ако таа ветува дека вака ќе се реши и готово.
МЈ: Океј, нека кажат какво мислење бараат.
НГ: Оти мислење е мислење, да бе ја така мислам. Ти не мораш да споредиш ако јас така мислам, така?
МЈ: Океј, ајде.
НГ: Ти не си Собрание, па да даде автентично толкување. Ти даваш твое мислење. Твоето мислење може да биде вакво-онакво, погрешно-правилно, ама ете така си мислел ти.
МЈ: Добро.
НГ: А она нека си цени дали е тоа законски или не е законски.
МЈ: Ајде нека напише какво мислење
НГ: Само ти не и го кажувај ова на неа. Ако и го кажеш вака, она ќе се исплаши, ќе рече – ааа, штом е така, ја да не испаднам крива и нема да…ќе се повлече.
МЈ: Океј.
НГ: Мене ми е следно, вие немате вина, вие давате мислење. Утре ако се покрене постапка некоја, ќе речеш – добро, ние така мислевме, ако било незаконски они не морале да го направат, ние не сме Собрание па да го…законот да го толкуваме. Ние даваме наше мислење, нашето мислење беше вака. Е сега прашајте си ја женава зошто го направила тоа понатаму така. Не морала да го послуша мислењето.
МЈ: Океј.
НГ: Не е обврзувачко вашето мислење.
МЈ: Добро, ама озбилно не знам што ќе направиме. Океј, ќе дадам мислење, не е проблем, јас ќе го потпишам лично.
НГ: Важи, важи, важи, ајде.
МЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле?
МЈ: Молам.
НГ: Не требало ти да дадеш мислење, комисијата кај тебе.
МЈ: Која комисија, Претседателе?
НГ: Која комисија Коце?… Жалба некоја таму…
МЈ: Ама, хм…тоа е второстепена постапка, значи тоа се води кога ќе има управен акт, не е ….
НГ: Тоа е вика второстепена, се води кога ќе има управен акт. У понеделник расчистете, ама ако најдете некоја таква финта да може, и таа ако се нафаќа…
МЈ: Не е проблем, ќе дадам мислење, Ви кажав.
НГ: …од општина Центар ако се нафати да потпише, кој и да го даде мислењето нема…нема одговорност.
МЈ: Не, не океј е.
НГ:…кривична одговорност, затоа што е обично мислење.
МЈ: Се договоривме, кога ќе Ви ветам, не е проблем, ќе го направам тоа. Ама…
НГ: Ама нејќам да мислиш дека те втурнувам во криминал ти да направиш…
МЈ: Не, не, не јасно ми е тоа мене, јасно ми е …
НГ: Ни на сон не би те терал да потпишеш нешто, утре да идеш во затвор за тоа.
МЈ: Не, не, немам дилеми.
НГ: Мислам дека за мислење неможе некој во затвор да иде за мислење.
МЈ: Претседателе, не е проблем. Значи, Ви реков, како сака Коце, јас лично ќе го потпишам. Како сакаат нека го направат јас ќе го потпишам.
НГ: Ајде.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски