Претседателот на Јемен Абд Рабо Мансур Хади пристигна денеска во султанатот Оман, јави телевизијата „Сјак њуз – Арабија“.
Според информациите на телевизијата претседателот е придружуван од шефот на јеменското разузнавање Али ал Ахмеди.
Според некои тврдења Оман е транзитна станица за Хади и тој ќе отпатува за Шарл ел Шеик во Египет, каде подоцна денеска арапските министри за надворешни работ се очекува да одржат итна средба, на која ќе се разговара за вооружената интервенција во Јемен.