ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД: Поради врнежите од дожд дојде до дефект на пумпите во пумпната станица Коста Абраш

Од:

„Во врска со пишуавањата во вашиот медиуми за испуштање на фекалии директно во Охридското Езеро, ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид го дава следново појаснување за да се добие појасна слика за вчерашниот дефект:

Поради врнежите од дожд дојде до дефект на пумпите во пумпната станица Коста Абраш.

Машинскиот дел на шахтата од пумпната станица беше наполнет со атмосферска вода така да дојде до поплавување на електромашинската опрема и нејзин дефект. ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид превзеде мерки за празнење на машинскиот дел од шахтата на пумпната станица.. Атмосферските води од неа беа исфрлани во езеро бидејќи атмосферски води не е дозволено да се испуштаат во фекалната канализација.

Во непосредна близина на пумпната станица постои шахта од секундарен колектор за фекална канализација, така да доколку требаше да се исфрлат фекалните води како што беше објавено во медиумите тие ќе беа исфрлени во шахта од секундарниот колектор.

Основна дејност на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – Охрид е одржување на системите за отпадни води во Охрид. Секојдневното одржување дава огромен придонес во заштитата на Охридското Езеро за што постојат видливи резултати“, се вели во соопштението на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД.

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата