Местото каде што се урна авионот на „Џерман Вингс“, на француските Алпи, е за помалку од 1,5 километри одалечено од местото каде што пред повеќе од 60 години се случила слична несреќа, во која загинале 44 лица.
Судбината на авионот Ербас А 320, е иста како и авионската несреќа на леталото 178 на авиокомпанијата „Аир Франс“, пренесе „Дејли мејл“.
Леталото Локхид Л-749А требало да слета на аеродром во Ница, но влетал во бура над Алпите, а според жителите на локалните села тој удрил во планината и експлодирал.
Е. Г.