Патниците на авионот не биле свесни што се случува?

Од:

Патниците на авионот А 320 можеби не биле свесни што се случува, кога леталото започнало да паѓа. Падот на притисокот во авионот можело да предизвика хипоксија кај нив и членовите на екипажот, која со наглиот пад на нивото на кислород во клетките и ткивата може да предизвика вртоглавица, па дури и да поттикне смеење.

Таа во екстремен облик може да влијае и на губење свест за она што се случува во околината, поради што патниците можеби имале погрешно чувство дека се е во ред.

Во првиот извештај за судбината на авионот на „Малезија ерлајнс“, на летот МХ370, кој минатата година исчезна над брегот на Австралија, австралиската управа за безбедност при транспорт, врз основа на претходни катастрофи заклучи дека патниците веројатно се задушиле пред леталото да се урне во океанот.

-Изгледа дека последната фаза нереагирање на екипажот и хипоксијата најдобро се совпаѓаат со расположливите докази за последната фаза на летот МН 370, кога се движел главно кон југ-стои во извештајот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски