Јеменските безбедносни сили нападнаа база на Хутите во близина на Аден

Од:

Силите лојални на јеменскиот претседател Абд Рабо Мансур Хади ја зазедоа воздухопловната база „Ал Анад“ во близина на Аден, која досега е под контрола на шиитското бунтовничко движење Хути.

Локални жители соопштија дека некои од Хутите почнале да го напуштаат реонот. Властите во Саудиска Арабија изјавија дека Јордан, Судан, Мароко, Египет и Пакистан изразиле подготвеност да се вклучат во воената операција против Хутите. Операцијата се води од пет арапски монархии од Заливот – Бахреин, Саудиска Арабија, Катар, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) и Кувајт.

Според телевизијата „Ал Арабија“, ОАЕ испраќа 30 борбени авиони за учество во операцијата во јемен, а Јордан шест авиони. Оман е единствената монархија од Советот за соработка во Персискиот залив, која не учествува во операцијата.

Бахреин и Кувајт испратиле по 15 авиони во Саудиска Арабија, Катар десет, Мароко шест, а Судан само три летала.

Саудиска Арабија ангажира 100 авиони-ловци и 150.000 војници, како и поморски сили. Египет и Пакистан, исто така, ќе испратат воено воздухопловни и военоморски сили. Египет, Пакистан, Јордан и Судан се подготвени да учествуваат и во копнената операција.

Портпаролката на Белата куќа, Бернадет Мијхан нагласи дека Вашингтон ќе даде само логистичка и разузнавачка помош, но американските сили нема директно да учествуваат во воените дејствија. САД ги повикува Хутите веднаш да ги прекинат воените дејствија и да се вратат на преговарачка маса.

Советот за безбедност на ОН моментно не планира да презема никакви решенија во врска со воената операција во Јемен.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида