Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје по повод 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец, бискупот Јосип Јурај Штросмаер организира чествување на Штросмаер и историските хрватско-македонски културни врски, поврзани со објавувањето на Зборникот на браќата Димитар и Константин Миладинови во 1861 година во Загреб.
За животот и делото на Штросмаер ќе зборуваат проф. д-р Златко Крамариќ, амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија и проф. д-р Марко Китевски. Стихови од Зборникот ќе интерперетира актерот Томе Витанов.