Германија бара Србија да потпише договор за нормализација на односите со Косово

Од:

Барањето Србија да потпише некој вид договор или меморандум со Косово за нормализација на меѓусебните односи би можело да се најде и во заклучоците на Европската комисија(ЕК), што ќе бидат објавени на 10 октомври.

Како што дознава „Блиц” од дипломатски извори во Брисел, германскиот притисок во официјалниот документ на ЕК да се вметне нов услов за Србија поврзан со натамошниот напредок во европските интеграции е многу засилен во последно време.

Заклучоците, односно препораките на ЕК сè уште не добиле дефинитивен облик, но изворите на „Блиц” тврдат дека во нацрт документот, на барање на Германија, е вметната обврската Србија за нормализација на односите со Косово да се обврзе во писмена форма.

Од кабинетот на еврокомесарот Штефан Филе ниту потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија