Најмалку 72 Германци и 49 Шпанци меѓу жртвите во авонската несреќа во Франција

Од:

Најмалку 72 Германци и 49 Шпанци се меѓу 150-те загинати во вчерашната несреќа во Франција на авион на „Џерман Вингс“, нискобуџетна филијала на германската авиокомпанија „Луфтханза“.

Досега е потврдено дека во авионот Ербас А320, кој летал од Барселона за Дизелдорф, имало 72 германски патници, соопшти „Џерман Вингс“. Според вчерашните податоци, меѓу патниците на авионот биле 67 германски граѓани.

„Џерман Вингс“ и „Луфтханза“ досега оствариле контакт со семејствата на 123 од жртвите во несреќата. Тие се уште се обидуваат да стапат во контакт со блиските на останатите 27 загинати со помош на германското Министерство за надворешни работи.

Досега е потврдена смртта на 49 Шпанци, изјави државниот секретар за безбедност Франсиско Мартинс.

Меѓу жртвите во авионската несреќа се уште тројца Британци, неколкумина Аргентинци, еден Американец, како и жители на Австралија, Белгија, Босна и Херцеговина, Колумбија, Данска, Израел, Јапонија, Мароко, Мексико и Холандија.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски