Двајца високи советници на јеменскиот пртседател изјавија дека тој се наоѓа во Аден и оти нема намера да го напушти градот, кон кој напредуваат силите на бунтовниците Хути.
Претходно, иранската телевизија јави дека Абд Рабо Мансур Хади избегал од градот.
Советникот на претседателот за национална безбедност генерал Али ал Ахмади, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека Хади е во Аден и оти тие двајцата се наоѓаат во претседателската палата.
Мохамед Марем, шеф на канцеларијата на претседателот исто така изјави дека Хади е во Аден и покрај новонастанатата ситуација.
– Ги повикавме луѓето да се смират и уверени сме дека јеменскиот народ, арапските народи и владите нема да дозволат Аден да биде заземен, додаде Марем.