Меѓу две згради во полскиот град Гливице е изградена тесна висечка патека, со која се поврзани две одвоени канцеларии.
Тревната патека, дело на студиото „Залевски Архитекчар“, е замислена како место на кое вработените во канцелариите ќе можат да прошетаат и да се одморат на отворено и да ги напуштат депресивните и заморни работни места.
Патеката нема никакви допирни точки со внатрешниот двор што се наоѓа под неа, туку таа е прицврстена за околните згради со дебели сајли.
Освен како простор за одмор и раздвижување, патеката има и друга улога. Сенката што патеката ја „фрла“ во дворот и нејзината рефлексија, на станарите од долните катови им се нуди поубав поглед кон зградите.