Со претстојната манифестација „Ставете ги маските“, издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ – Скопје најавуваат почнување на Скопски карневал кој во иднина се планира да биде традиционален.
„Ставете ги маските“ ќе се одржи на први април годинава во Културниот центар „Феникс“ точно напладне, а симболично ќе учествуваат и деца од неколку градинки и училишта со нивните маски, при што ќе бидат избрани најдобрите и наградени со книги.
На манифестацијата ќе бидат изложени и најдобрите ликовни дела од меѓународниот конкурс на тема „Карневал“.
„Феникс“ воедно информира дека наскоро ќе излезе од печат книгата „Карневалите и карневализацијата“ од проф.д-р Христо Петрески.