Давид Кабанас од Шпанија ја избегна несреќата на авионот Ербас „А320“ на „Џерман вингс“ кој се урна вчера на југот во Франција, при што загинаа 148 лица, меѓу кои и поголем број деца.
-Требаше да патувам на летот 4У9525, но состанокот во Дизелдорф ми беше одложен, поради што го заменив летот за понеделник во исто време – изјави Кабанас.
Во телефонска изјава за шпанските медиуми тој наведе дека емоциите му се целосно измешани, бидејќи во авионот кој сообраќал од Барселона кон Дизелдорф, имало многу деца и дека меѓу жртвите се туристи, кои ја посетиле Барселона и се враќале дома.
Е.Г.