На интернет се појавија први фотографии од местото на несреќата на авионот „Ербас А 320“ на германската компанија „Џерман вингс“ кој вчера се урна со150 патници и членови на екипажот на југ на Франција во регионот Барселонет, помеѓу општините Дињ и Барселонет, на 100 киломери од Ница.
Направен е и видео запис од хеликоптер на кој се гледа местото на кое се урнал авионот.
Како што пренесе „BBC“ во близина на селото Аеин-лез- Алпс се извлечени првите тела од остатоците од авионот.
Според наводите во последната фаза од летот авионот нагло започнал да ја губи висината и за само осум минути од 11.000 метри, паднал на 2.000 метри, а потоа престанал контактот со контролата на летот.
Германските медиуми пренесуваат дека авионот бил во употреба од 1990 година односно, 24 години.
Е.Г.