Седници на четири собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања за изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, како и Предлог – законот за јавнообвинителска служба, сите во прво читање.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за измените на Законот за хидрометеоролошка дејност, за Предлог – закон за водостопанство, за Предлог – закон за дополнување на Законот за земјоделски задруги, сите во второ читање и Предлог-законот за изменување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, во прво читање.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ги утврдат предлог-одлуките за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, за дополнување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централно – европската иницијатива (ПС ЦЕИ) и за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Седница ќе одржи и Законодавно – правната комисија, на која на дневен ред се законите кои ќе ги разгледуваат матичните комисии што денеска ќе заседаваат.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање